Search

Семејство усвои девојче од Уганда, но кога ја слушнаа нејзината животна приказна веднаш ја вратија

Џесика и Адам Дејвис од САД веќе имаа четири деца, но, сепак, решија да усвојат уште едно дете, шестгодишно девојче од Уганда. Им било кажано дека малата Намата останала без своето семејство. Татко ѝ починал, а мајка ѝ не се грижела за неа, па никогаш не одела на училиште. Агенцијата што го организираше усвојувањето му рече на семејството Дејвис дека нејзината мајка не може да се грижи за неа и дека усвојувањето ќе биде вистинско решение. Тие се согласија и во 2015 година ја посетија во Уганда, но не во нејзиниот дом туку во сиропиталиште каде што немала играчки, па дури ни соба со прозорец.

Девојчето им се допадна на прв поглед, па решиле да ја посвојат и да ја однесат со нив во САД. Но, штом го научила англискиот јазик, Намата почнала да им кажува дека ѝ недостига нејзината мајка. Сè што им кажала било спротивно на она што го слушнале од Агенцијата за посвојување. Сето тоа било апсолутна лага. Сфатија дека биле измамени и усвоиле дете кое живеело среќно со својата мајка. Тие ги информираа институциите и успеаја да стапат во контакт со мајката на Намата.

Она што го видоа, во никој случај не беше вообичаената реакција на злоупотребувано дете. Напротив, Намата била пресреќна кога ја видела својата мајка преку видеоповик. Со нејзината биолошка мајка се договорија да ја школуваат и да ја вратат кога ќе го заврши своето образование.

Организацијата „Реунит Уганда“, која се занимава со вакви проблеми, подоцна дозна дека Намата практично била грабната од своето семејство, заедно со уште седум деца од нејзиното село и испратена во сиропиталиште со цел измамниците да дојдат до пари. Семејството Дејвис знаеше дека нејзиното посвојување е обична измама и по една година ја вратија во Уганда каде што сега живее со својата мајка.

Треба да знаете
Последни објави