Search

Семејството Јованови од Велес доби дрва за огрев

Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Велес информираат дека семејството Јованови, за кое  ТВ 24 вчера објави сторија, е снабдено со дрва за огрев.

-Во врска со семејството Ангелина и Јордан Јованови од Велес ја информираме јавноста дека
Јованови се во системот на социјална заштита и примаат помош од 11.600 денари.
Дополнително во соработка со Општина Велес работиме на обезбедување на помош за
подобрување на условите на живот. Центарот за социјални работи Велес е во постојана
комуиникација со корисниците на социјалните права и се грижи за нив со цел да им обезбеди
подобри и попристојни услови за живот. Во меѓувреме Јованови се снабдени и со огрев и се
упатени на остварување на другите права од социјална заштита, велат од Меѓуопштинскиот центар.

Како што објави ТВ 24, велешанецот Јордан Јованов го прослави својот именден и 40 ти роденден сам сосвојата неподвижна мајка Ангелина меѓу четири мувлосани ѕидови и подот кој почнал да се поткопува до земја. Студот е секојдневието за овие луѓе. За да заштедат од дрвцата кои им останале, старото ќумбе го палат попладне. До тогаш, 75 годишната Ангелина седи во ладно. Се грее со термофор и шише топла вода в раце. Јордан го трпи студот. Сиромаштија не е вистинскиот збор да се опише животот на овие луѓе – туку беда. Пред 15 години Ангелина преживеала тежок мозочен удар кој ја врзал за кревет.  Сметката на Јован е блокирана, откако пред повеќе години некој го насамарил да му биде жирант за кредит, кој никогаш не бил платен. Ова семејство е вистински тест за државата, која себе си се нарекува социјална. На потег се институциите, кои треба да најдат трајно решение за овие луѓе, но и хуманите граѓани, кои барем малку можат да го ублажат страдањето на мајката и синот од Велес.

Контакт: Јордан Јованов 074 600 659

Треба да знаете
Последни објави