Search

Селтикс очекува Хејворд да се врати во тимот за серијата со Мајами

Стручниот штаб на кошаркарскиот НБА-лигаш Бостон Селтикс очекува нивниот играч Гордон Хејворд да се врати за натпреварите во финалето на Источната конференција против Мајами.

Тие очекувања ги сподели тренерот на Бостон, Бред Стивенс.

-Мислам дека тој ќе се врати во одреден момент за време на серијата, но не знам кога”, изјави Стивенс.

Првиот меч од серијата меѓу Бостон и Мајами е закажан за 15 септември.

Треба да знаете
Последни објави