Search

Селекторот кој со Македонија го постигна најдобриот пласман на ЕП заминува во Катар

Поранешниот селектор на македонската машка ракометна репрезентација Звонко Шундовски ќе биде нов тренер на екипата Ал Рајан од Катар. Информацијата ја потврди катарски тим.

Под водство на Шундовски, македонската ракометна репрезентација го има постигна досега најдобриот пласман на една завршница од ЕП. Во 2012 година, на евро-собирот кој се одржуваше во соседна Србија, македонскиот државен тим го осви петтото место.

Шундовски во својата тренеркс кариера ги има предводено тимовите на Металург, потоа романски ЧСМ Букурешт и Констанца. Еден период беше и селекторо на репрезентацијата на Израел.

Треба да знаете
Последни објави