Search

Села: Не можам пратеничко прашање да поставам, а ме викате за уставни промени

Пратеникот и претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, реагираше денеска во парламентот затоа што е 17 по ред на списокот на пратеници за поставување пратенички прашања.

Тој рече дека тоа е срамно и обвини дека некој се обидува да го спречи гласот на албанската опозиција.

– Албанците кои не се застапени во Влада имаат право да постават прашање. Села е 17 на ред да постави прашање. Ова е потврда дека Парламентот се контролира од политичките субјекти на власт. Ова е ден кога министрите треба да се соочат со пратениците и да дадат отчет пред јавноста. Дали со ова сакате да го сокрите театарот од пред два дена за одземањето на имунитетот на Трајко Вељановски?  Дали немате одговор зошто по втор пат ги одземате надлежностите во образованието во Гостивар? Села и Алијанса за Албанците е значаен субјект само кога треба да се расправа за Уставните измени и кога ви требаат игри за заеднички кандидати за претесдател, а пратенички прашања не ни дозволувате. Ова е последен пат да реагирам процедуралоно, ќе кренеме врева ако пратеник од албанската опозиција не е четврти на ред за поставување на пратенички прашања, реагираше Села.

 

Пратеникот, Горан Мисовски, кој ја води денешната седница му возврати на Села дека држи политички говор и дека списокот се утврдува во координација со пратеничките групи.

Треба да знаете
Последни објави