Search

Сезоната во Формула 1 почнува на 5 јули

Раководството на Формула 1 реши да ја започне сезоната на 5 јули, објави „Sky Sports”.

Сезоната ќе стартува со две трки во Австрија, закажани за 5 и 12 јули.

Исто така, навивачите чекаат двојни трки на Силверстон (2 и 9 август).

Покрај тоа, планирани се уште четири трки: во Унгарија (19 јули), Шпанија (16 август), Белгија (30 август) и Италија (6 септември).

Осум трки е минималниот број за една сезона да се смета за валидна. Но, раководството на тркачката серија инсистира на тоа дека имаат намера дополнително да го прошират календарот.

Треба да знаете
Последни објави