Search

Седум лица повредени во сообраќајки во Скопје

Седум лица биле полесно повредени во шест од вкупно 13 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и тројца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и пет нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за неправилно престигнување.

Четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло биле исто така санкционирани од сообраќајната полиција.

Со специјалното возило „пајак” биле отстранети 71 возило.

Треба да знаете
Последни објави