Search

Седуммина повредени во вчерашната сообраќајка кај Гостивар

Седум лица биле повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера на пладне на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 13.15 часот, на околу 500 метри од Мавровска крстосница. Автомобил „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.М.(41) од Гостивар  и автомобил „пасат“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Д.А.(68) од Тетово.

Во судирот тешко била повредена А.Ф., сопатничка во автомобилот „бмв“.

По укажаната помош во Медицинскиот центар Гостивар таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во сообраќајката полесно повредени биле уште шест лица во двете возила, кои по дадената лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото извршила екипа од ПС Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави