Search

Седумдесетгодишник со „венто“ прегазил врсник на велосипед

На 18.11.2019 во 16.40 часот на регионалниот пат Прилеп – Крушево, патничко моторно возило „фолксваген венто“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.У.(71) од село Славеј, прилепско, удрило во велосипед управуван од А.Р.(71) од Славеј.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на Полициската станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави