Search

Седница на Советот за безбедност

Претседателот Стево Пендаровски за денеска со почеток во 12:00 часот закажа седница на Советот за безбедност, соопшти кабинетот на шефот на државата.

На дневен ред на седницата што ќе се одржи во вила „Водно“, ќе биде безбедносната состојба во државата и евроатлантскиот регион.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

Треба да знаете
Последни објави