Search

Северна Кореја успешно тестираше нов ракетен фрлач, проектилите летале 250 километри

Северна Кореја го изврши најновото тестирање на таканаречениот „супер-голем“ ракетен фрлач.

Системот, кој е успешно тестиран, наскоро ќе биде испорачан за воените единици во земјата, јави државната новинска агенција КЦНА.

„Целта на ова тестирање беше да се проверат технолошките и тактичките спецификации на системот“, соопшти агенцијата.

Северна Кореја во неделата лансираше две балистички ракети со краток дострел во Јапонското Море, јавија влстите во Јужна Кореја.

Ова беше четвртиот ракетен тест кој Пјонгјанг го направи месецов, по тримесечен прекин.

Двата проектила биле лансирани од градот Вонсан, од источниот брег на Северна Кореја. Ракетите летале околу 230 километри и достигнале височина од околу 30 километри, соопшти воената команда.

Јапонските власти соопштија дека ракетите летале околу 250 километри пред да паднат во морето.

На оваа земја со резолуција на ОН и е забрането тестирање на балистички ракети и е подложена на строги меѓународни санкции за да се одврати од развојот на нуклеарни боеви глави.

Треба да знаете
Последни објави