Search

Северна Кореја се врати во Канцеларијата за врски во Јужна Кореја

Северна Кореја денеска ги врати официјалните претставници во меѓукорејската канцеларија за врски која се наоѓа во севернокорејскиот пограничен град Кесонг, поништувајќи ја одлуката за повлекување што Пјонгјанг ја донесе пред два дена, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување.

Министерството соопшти дека групата од четири-пет севернокорејски службеници пристигнала во канцеларијата за врски утрово, истакнувајќи дека „вообичаено” стигнале на работа.

Во соопштението се наведува дека двете страни одржале консултации и дека ќе „продолжат да ја водат канцеларијата како и до сега”.

Треба да знаете
Последни објави