Search

СДСМ ја демантира веста на Канал 5 дека е постигнат договор со ДУИ

СДСМ во целост ја демантира објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев , една Зибери –ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.
Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина.
Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори.
СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена.
На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда.
СДСМ навремено ги информира граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопшти.

 

Треба да знаете
Последни објави