Search

СДСМ: Сите деца од домот „11 Октомври“ се сместени во групни домови и згрижувачки семејства

Во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, веќе нема сместено ниту едно дете. Од пред неколку дена тие се сместени во 4 мали групни домови и згрижувачки семејства, соопштуваат од владејачката СДСМ и додаваат дека започнатиот процес на деинституционализација од страна на Министерството за труд и социјална политика се спроведува успешно и дава сериозни резултати.

Од таму велат дека пред околу четири месеци целосно бил трансформиран и домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во 5 мали групни домови во Скопје и сите се вклучени во редовниот образовен процес.

До крајот на 2018 година од Специјалниот завод ‘Демир Капија’ беа извадени сите деца до 18 години денес тие се сместени во мали групни домови каде што добиваат 24 часовен надзор и им е пружена сета потребна поддршка. Досега, преку проектот за деинституционализација бројот на деца сместени во институции е намален за 60 отсто“, стои во партиското соопштение во кое се исткнува и дека заложбите на владата предводена од СДСМ и надлежното министерство се до 2020 година да нема повеќе деца под 18 години кои ќе бидат сместени во институции.

Треба да знаете
Последни објави