Search

СДСМ: Очајна е ВМРО-ДПМНЕ, лажните вести не им проаѓаат

Денеска од белиот дворец, од тој симбол на криминaл и корупција, се јави нарачателот на лажните вести. Очајна е ВМРО-ДПМНЕ, вистината експрено ги порази кујните на нивните медиумски курири кои штанцаат лажни вести, се вели во соопштението на СДСМ.
ВМРО ДПМНЕ оди дотаму што шурува и прави лажни конструкции со луѓе кои биле спремни да го загрозат животот на граѓаните.
Фактите кои веќе се јавно достпани потврдуваат дека нема никаква афера за местење тендер од страна на генералниот секретар на Владата, тоа е уште една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ која е поразена од висината.
Дури ниту во снимениот разговор, кој очигледно намерно не е објавен во целост, не се зборува за манипулации со тендерска постапка.
Тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени уште во 2016 година.
Договорот за набавка на нов радарски систем, некој свесно го опструирал, загрозувајќи го животот на граѓаните и безбедноста на нашето небо, за што докази се доставени во надлежна инстритуција.
Со оглед на тоа дека опремата е неопходна за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, по налог на Владата е свикан состанок за утврдување на динамика за испорака.
Тоа што некој сакал да предизвика инцидент и загрозивање на човечките животи на небото е неважно за ВМОР-ДПМНЕ.
Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ е истата, мрачна, деструктивна, лажна, режимска партија управувана од истиот Никола Груевски кој не и мисли добро ниту на државата ниту на граѓаните.
Што се однесува за елементарната јазична писменост ги упатуваме од ВМРО-ДПМНЕ да научат дека „Letter of award” не значи писмо за награда туку писмена потврда за доделување договор од страна на клиент, сопственик или раководител во кој се наведува врендоста на доделиниот договор, датумот и времето на потпишување.
Треба да знаете
Последни објави