Search

СДСМ: Опозицијата да престане да го злоупотребува Ласкарци во политички цели

Очајното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на политички концепт, на идеја и програма продолжува да злоупотребува собраќајни несреќи и човечки трагедии во партиски цели.

Се потврди дека Мицкоски зборува преку Силјановска. Се потврди дека таа ги следи политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партиајта, и покрај тоа што лагите на антинародното ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани, опозициската партија не престанува да се обидува да профитира на низок и крајно неморален начин.

,,Наместо да се обидува да користи несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните институции да го расчистат случајот до крај, Веќе е започната истрага од Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно да се расветли несреќата кај Ласкарци”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави