Search

СДСМ: Не успева сценариото на Мицкоски, ќе има одговорност за организаторите на насилствата од 27 април

ВМРО-ДПМНЕ одново покажува дека насилничките сценарија, создавањето тензии и пласирањето лаги се нивните единствени. Сценариото на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски не успеа да го оттргне фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главнио осомничен организатор на насилствата од 27април кога беа нападнати пратеници, полицијаци и вработни во Собранието, соопшти СДСМ.

„Наместо да продолжуваат со создавање тензии, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски мора да им се извинат на граѓаните за лагите што ги ширеа вчера, мора да се извинат што медиумите и порталите под нивна контрола вчера лажеа и ширеа драматични шпекулации во јавноста.

Соодветна и целосна истрага од страна на иунституциите, ќе ги даде сите одговори за инцидентот во затворот Скопје.

Граѓаните и институциите нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да создадат нови кризи, поделби и тензии.

Насилството ќе биде соодветно санкционирано. Мицкоски нема да успее, ќе има одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април“ велат од владејачката партија.

Треба да знаете
Последни објави