Search

СДСМ: Мицкоски да не се крие и да одговори за неговите посети на Белград и Будимпешта

СДСМ: Мицкоски да не се крие и да одговори за неговите посети на Белград и Будимпешта

Наместо да се крие зад социјалните медиуми, зад неговите портпароли и зад антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да излезе и да одговори за средбата со неговиот ментор Груевски и за неговите посети во Белград и Будимпешта, порачаа од СДСМ.

„Мицкоски треба да даде одговор на јавните сомнежи, дали неговите посети на Белград и Будимпешта минатиот месец, се поврзани со планот за бегство на осудениот криминалец Груевски?

Со кого се среќавал пионот Мицкоски при посетите на овие градови и дали таму бил нацртан планот за бегство на Груевски?
Мицкоски пред граѓаните должи одговори за сомнежите за неговата вмешаност во кукавичкото бегство на Груевски.

Надлежните институции, пред се Основното јавно обвинителство мора да отворат истрага преку која ќе бидат откриени и санкционирани сите лице кои се соучесници во бегството на осудениот криминалец Груевски“ се наведува во соопштението на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави