Search

СДСМ: Мизрахи исполнува нарачки на Груевски и Мицкоски насочени против ЕУ и НАТО

Послушничката на Христијан Мицкоски и кадар на Никола Груевски, министерката во преодната Влада, Рашела Мизрахи, го прекрши Уставот и Договорот од Преспа, велат од СДСМ во однос на постапката на техничката министерка за труд и социјала која од прес-салата на министерството ја отстрани таблата со уставното име Северна Македонија.

Од СДСМ тврдат дека со ваквата постапка таа директно го загрозува членството во НАТО и ЕУ, но и односите со Грција, а, како што велат, веќе има и официјална вербална нота од нашиот сосед.

„Мизрахи која ја извршува оваа функција врз основа на нејзината заклетва дека ќе го почитува Уставот и законите на Република Северна Македонија немаше проблем со уставното име кога стапи на фунција, но наводно има денес, кога го загрозува Договорот од Преспа, постапувајќи по насоките на Мицкоски и Груевски“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека на 12 април граѓаните ќе ги казнат погубните политики на Мизрахи, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави