Search

СДСМ: „Зелена нафта” и повеќе пари за малите земјоделски стопанства

„Зелена нафта” и повеќе пари за малите земјоделски стопанства – нови развојни мерки обезбедуваат зголемено производство и повеќе пари кај земјоделците.

Грижата на Владата предводена од СДСМ кон вистинските земјоделци продолжува, се воведувааат нови програми што овозможуваат поголема  финансиска поддршка на земјоделците, подобар пласман, развој и унапредување на земјоделството и повеќе пари кај земјоделците.

За првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација односно „зелена нафта”. Вкупната поддршка изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци. Со оваа мерка се намалуваат трошоците за   производство на земјоделците, што значи поекономично производство и поголеми приходи.

Се зголемува и поддршката за мерката наменета за малите земјоделски стопанства под 1 хектар.

Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесуваат 6.000 денари по хектар, односно 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците што е значително зголемување во однос на претходните години кога за оваа поддршка биле издвојувани околу 49 милиони денари.

Ова се само дел од новите развојни мерки што обезбедуваат зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците и мерки, што го унапредуваат и развиваат земјоделството како една од клучните стопански гранки.

Треба да знаете
Последни објави