Search

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: 17-те нови инвестиции се обезбедени од Владата на СДСМ

Не можејќи да се помири со успесите на економските политики на Владата предводена од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести во кои никој не верува, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше и можеше, ќе ја реализираше инвестицијата за која денеска лаже, ќе реализираше и други бројни инвестиции, но наместо тоа, антинародната партија се посвети на криминал, корупција и криминално богатење на поединци.

17 нови инвестиции моментално се во различни фази на реализација, а една од нив е и индиската компанија „Малхотра“, што е резултат на вистинските економски политики на Владата предводена од СДСМ.

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. Потврда за тоа е и рекордниот број на странски инвестиции во минатата година, растот на платите и падот на невработеноста на 20,8 отсто“, се вели во реакцијата.

Од партијата додаваат дека Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати, повеќе инвестиции, нови работни места, економски раст и повеќе пари кај секој граѓанин.

Треба да знаете
Последни објави