Search

СДСМ: Договорот за јавно-приватно партнерство за детската кардиохиругија е во интерес на граѓаните и лекарите

Бизнис интересите и тендер политиките што ВМРО-ДПМНЕ со години ги спроведуваше во здравството резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациентите и незадоволни лекари кои масовно го напуштаа јавното здравство, велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на Марија Андоновска од опозициската партија.

Од СДСМ истакнуваат оти ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека завршено е времето на договорени тендери, на договори во четири очи и системско уништување на здравствениот систем.

„Денес Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство го рехабилитираат здравствениот систем во интерес на граѓаните и лекарите. Во таа насока е и договорот за јавно-приватно партнерство за детската кардиохиругија преку кој децата, пациетните и родителите веднаш ќе добијат подобра здравствена услуга, без да плаќаат дополнително, без нови трошоци. Со тоа, подобра услуга е ставена на располагање на оние на кои им е најпотребна“, наведуваат од владејачката партија.

Од таму додаваат дека владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство остануваат посветени на заложбите за градење на модерен, одржлив и ефикасен здравствен систем, па така потсетуваат дека се инвестира во осовременување на медицинската опрема, итната медицинска помош добила 12 нови возила, а, како што велат, направен е одржлив план за изградба на нов Клинички центар.

Треба да знаете
Последни објави