Search

СДСМ доби нов, помал Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ на денешната седница избра нов Извршен одбор, кој ќе биде намален во однос на претходниот и ќе брои 16 членови, дел нови, дел од претходниот состав, дознава 24 Инфо.

Во Извршниот одбор меѓу другите се избрани Петре Шилегов, Костадин Костадинов, Рената Десковска, Благој Бочварски, Фросина Ременски, Татјана Стојановска, Стефан Богоев, Драган Тевдовски, Ѓоко Танасковски, Салија Лјатифи.

Претходно ЦО го избра директорот на ЈП„Водовод и канализација“ Скопје, Душко Весковски за нов организационен секретар, професорот Дане Талевски е избран за секретар за меѓународна соработка, а Мартин Попов, пак, е именуван за директор на Центарот за истражување и анлиза на СДСМ.

На дневен ред се предлог одлуката за именување и дополнување на Правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во ОО на СДСМ, како и Предлог-одлуката за основање на ОО на СДСМ Арачиново. ОО на Боговиње и ОО на Липково.

 

Треба да знаете
Последни објави