Search

СДСМ денеска ќе ја утврди Нина Групер за кандидат за министер за финансии

Централниот одбор на владејачката СДСМ, на денешната седница, треба да ја утврди Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на „Групер“, за кандидат за нов министер за финансии.

Ангеловска, ја прифатила поканата од премиерот Зоран Заев да раководи со ресорот финансии во Владата.

Таа од 2016 г. е доктор на науки по менаџмент, а во 2010 г. дипломирала на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје како студент на генерација.

Нина Ангеловска се смета за успешна млада бизнисменка за што потврда е вбројувањето од „Форбс“ во 2018 г. во „Топ 30 под 30“ – триесетте најуспешни во Европа во продажба (е-комерција), а се помлади од 30 години.

Треба да знаете
Последни објави