Search

СДСМ: Годинава ќе има детски додаток за над 60 000 деца и зголемена социјална помош до 300 отсто

Во 2019 година се заокружува целосната реформа на системот за социјална заштита, кој нуди повеќе услуги за граѓаните, велат од владејачкиот СДСМ.

Од таму додаваат дека во новата година преку мерките гарантиран минимален доход и семеен пакет на права, примателите на социјална помош добиваат и до 300 отсто зголемена социјална парична помош.

„Се олеснува и пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11 000 домаќинства. За разлика од 3 200 деца кои досега добиваа детски додаток, со новиот детски и образовен додаток опфатени ќе бидат над 60 000 деца“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека ова е мерка што има за цел да извлекува од детска сиромаштија.

Треба да знаете
Последни објави