Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ создаде заробена држава во време кога Мицкоски му беше советник на Груевски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ создаде заробена држава во време кога Мицкоски му беше советник на Груевски

Единаесет години Македонија беше во длабока изолација, со партизирани и злоупотребени институции и карактеризирана како заробена држава во која граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија, соопшти СДСМ.

„Единаесет години во Македонија цветаа непотизмот, партиските вработувања и се вршеше масовна партизација од страна на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски и неговиот советник, пионот Христијан Мицкоски. А Мицкоски како советник на Никола Груевски не може да побегне од тоа, тој е директен соучесник во тоа Македонија да биде заробена држава со партизирани институции.

Затоа, денес, антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски не може да се помири со денешното професионално и независно функционирање на институциите и можноста сите граѓани да имаат еднаков пристап до вработувања со еднакви правила и критериуми.

Од заробена држава за краток период Македонија е пред влез во НАТО и пред добивање датум за преговори.

Со започнатиот реформски процес од страна на Владата предводена од СДСМ, државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни и за сите важат еднакви услови и критериуми“ се наведува во соопштението на партијата.

Треба да знаете
Последни објави