Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против проектот за продолжување на булеварот АСНОМ

ВМРО-ДПМНЕ поднесува неосновани пријави и потврдува дека е против проектот за продолжување на булеварот АСНОМ и нов мост на реката Вардар во Скопје, реагира СДСМ по прес-конференцијата на Наум Стоилковски, кој денеска обвини дека градбата кај булеварот АСНОМ продолжува без документација и дозвола за градење.

„Ова е нов обид на ВМРО-ДПМНЕ да го сопре градњето на овој проект. Граѓаните знаат дека поради неодговороното однесување на советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба и нивно противење да го поддржат предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, проектот сега чини 8 милиони евра повеќе. Во поразената опозициска партија треба да знаат дека за подготвителни работи не е потребно одобрение и дека конечно, одобрението го издава Град Скопје“, велат од СДСМ.

Владејачката партија во соопштението коментира дека на опозицијата ѝ пречи тоа што се градат проекти кои се во интерес на граѓаните.

„На ВМРО-ДПМНЕ им смета тоа што не се трошат пари за барок и криминални проекти кои завршуваа во џебовите на фамилијата. ВМРО–ДПМНЕ е против решавање на сообраќајниот хаос, против подобрување на инфраструктурата и намалаување на загаденоста во Скопје. Со еден збор ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде кочничар на проектите и на сѐ што е во интерес на граѓаните на Скопје“, додава СДСМ во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави