Search

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадениот воздух 11 години

Цели 11 години наместо преземање на конкретни мерки кои ќе влијаат на намалувањето на загадувањето на воздухот , ВМРО ДПМНЕ не презеде ништо, го игнорираше проблемот со загадениот воздух и дозволи да достигне загрижувачки граници, возвратија од СДСМ на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од таквиот несериозен и неодговорен однос кон овој проблем денес, владата предводена од СДСМ, заедно со општините,надлежните институции и ресорните министерства сериозно пристапуваат и се преземаат конкретни мерки.

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ не презема никакви конкретни мерки за загадувањето на воздухот

Пошумување, обновување на зеленилото, засадување на нови садници и замена на старите се дел од мерките кои континирано и интезивно се спроведуваат.

Акција за пошумување започна и општина Велес. На површина од 3 хектари се засадуваат 6.000 садници .

Планот е освен есенското пошумување, да се засадуваат дрвја и на пролет, и со вакви силни акции да се придонесе за почист воздух и поздрава средина.

Во град Скопје во тек е есенската акција на засадување на 3.500 дрвја. Претходно во пролетната акција беа засадени 4.000 нови садници.

Сазадувањето нови дрвја продолжува. Нови 1.700 нови садници се планирани за засадување во дворовите на градинките , со што би се освежил просторот каде што најмалите го поминуваат најголемиот дел од денот.

Во таа насока и општина Аеродром ја спроведува акцијата за зазеленување на дворовите на училиштата.

Нов парк позади Македонската филхармонија и зелен кров на Градкиот трговски центар е она што се планира да се реализира наредниот период како дел од планот на градските власти за позелено Скопје.

Гасификацијата, за која во Буџетот за 2019 година обезбедени се 40 милиони евра, набавката на нови 40 еколошки автобуси, субвенциите за набавка на хибридни и електрични автомобили и велосипеди, потоа субвенционирање на трошоци за вградување еколошко гориво во автомобилите, субвенции за набавка напечки на пелети и инвертори, се само дел од мерките кои ги превзема владата предводена од СДСМ заедно со надлежните институции за решавање на проблемот со загадувањето на долг рок.

Свесни сме дека постои уште многу работа, но за прв пат институциите здружено и посветено делуваат, врз основа на план, со чија реализација ќе се намали загаденоста во Скопје до 50 проценти а во градовите низ внатрешноста од 30 до 50 проценти“ соопшти партијата.

Треба да знаете
Последни објави