Search

СДСМ: Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и НАТО, граѓаните не се

Несериозноста и антидржавното однесување на Христијан Мицкоски отидоа дотаму што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ јавно изјави дека за него граѓаните се статистичка грешка, велат од СДСМ.

Од владејачката партија потенцираат дека граѓаните не се и нема да бидат некаква грешка, туку тие се најважни и се на прво место.

„Мицкоски како да сака да се натпреварува со деструктивниот блок на политичката цена кој е против напредокот на Македонија и членството во НАТО и ЕУ, блок којшто сака да ја закочи македонската иднина. Која е причината што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат став за најважното прашање за македонската иднина? Дали се против НАТО и ЕУ?“, прашуваат од СДСМ.

Воедно оттаму го потсетуваат Мицкоски дека треба да знае оти огромното мнозинство граѓани се цврсто определени за напредок, интеграција и обезбедена македонска иднина во ЕУ и НАТО.

„Му се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе го имаат последниот збор, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ“, се наведува во соопштението на СДСМ во кое се додава дека на 30 септември граѓаните ќе кажат „да“ за македонската иднина.

Треба да знаете
Последни објави