Search

СВР Тетово ќе ги советува основците како да се заштитат на социјланите мрежи

СВРТетово денеска започна реализација на превентивно-едукативниот проект „Сурфај, но внимателно споделувај“. Носител на проектот е Отсекот за превенција во соработка со локалните самоуправи, информираат од МВР.

Со проектот вкупно ќе бидат опфатени околу 3.500 седмоодделенци од вкупно 215 паралелки, а кои во 92 основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје следат настава на македонски, албански и турски јазик.

Стручно обучени полициски службеници, на посебни часови ќе им објаснат на учениците како и на што треба да внимаваат кога споделуваат лични податоци и фотографии на социјалните мрежи, односно како најефикасно да се заштитат од злоупотреби на нивните податоци, фотографии или снимени видео-клипови.

Учениците, исто така, поблиску ќе бидат запознаени и со законските импликации доколку тие  злоупотребуваат лични податоци на други лица.

Проектот е планирано да трае до крајот на идниот месец, а неговата главна цел е учениците да се заштитат од можни злоупотреби на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави