Search

Светскиот првак Франција не е во првиот рејтинг-барабан за ждрепката на групите од завршницата на ЕП-2020

Групната фаза од квалификациите за  јубилејното ЕП 2020  кое ќе се одржува во 13 градови ширум „стариот континент“ заврши, а УЕФА денеска ги објави и составите на барабаните за ждрепката што ќе биде извршена на 30 ноември во романската престолнина Букурешт. Меѓу носителите има четири земји кои се ко-домаќини на шампионатот, и тоа Германија, Англија, Шпанија и Италија, на кои друштво ќе им прават селекциите на Белгија и на Украина.
Меѓу прворангираните репрезентации  не се најдоа финалистите од последниот Мундијал, светскиот првак Франција и Хрватска, кои ждрепката за составот на групите ќе ја чекаат од вториот рејтинг барабан.

Во третиот барабан е најнепосакуваната селекција Холандија. Во последниот рејтинг-барабан се наоѓа Велс, дебитантот Финска а тука ќе бидат сместени и четирите селекции кои извадат европска виза преку завршните нокаут-мечеви од Лигата на нации.

Барабан 1: Белгија, Италија, Англија, Германија, Шпанија, Украина.

Барабан 2: Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска, Холандија, Русија.

Барабан 3: Португалија, Турција, Данска, Австрија, Шведска, Чешка.

Барабан 4: Финска, Велс, четири селекции победници во Лигата на Нации.

Со оглед на големиот број на земји-домаќини, уште од претходно беше утврдено кои селекции во која група ќе се најдат доколку обезбедат пласман на ЕВРО 2020. Па така во полудиригираната ждрепката своето место во групите веќе го знаат:

ГРУПА А: Италија

ГРУПА Б: Русија, Данска, Белгија

ГРУПА Ц: Холандија, (Романија)

ГРУПА Д: Англија, (Шкотска).

ГРУПА Е: Шпанија (Р. Ирска).

ГРУПА Ф: Германија (Унгарија).

* Во заграда се наведени земјите кои се уште немаат обезбеден настап на ЕП, но можат преку Лигата на нации да го сторат тоа.

** Белгија оди во групата на Данска и Русија како домаќини на ЕП 2020. Од носителите, само Белгија и Украина не се дел од ко-домаќините на шампионатот, Украинците не можат да се најдат во иста група со Русија од политички причини, па затоа однапред се знае дека Белгија ќе биде дел од групата Б.

*** Секоја домашна репрезентација ќе игра најмалку по две средби пред своите гледачи. Домаќинот на директниот дуел на двете земји-организатори ќе биде одреден со ждрепка.

Треба да знаете
Последни објави