Search

Сведок во „Рекет“: Боки не е многу галантен, сама си плаќав за патувањата во странство

Откако одбраната на Бојан Јовановски, првообвинет во „Рекет“ ги повлече сведоците Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделевски и Јовче Ременски, денеска сведочат Марија Јанковска, Александар Кртов и Сергеј Варошлија.

Јанковска, која е сопственичка на оптика во „Сити Мол“ рече дека со бизнисот се занимава 45 години и дека Боки го познава одамна, откако ја организирал манифестацијата „13 најуспешни“.

-Пред 15 години побара спонзорство за таа манифестација, побара да носи наочари, некогаш ги враќал, сме оделе заедно на патувања. Ми беше пријател,соработката трае сигурно 10тина години од кога е популарен. И мене многу ми помогна во бизнисот и сум имала „фидбек“ од тоа, заеднички интерес сме имале. Сме биле во Грција, Италија, Франција…сум му правела друштво, а тој имаше контакти со менаџерите од модниот свет. Го викаа на модни трендови, сме имале заеднички одмори. Искрено Боки не е галантна личност, сама сум плаќала за се, освен кога сме оделе со автомобил. Тоа е се…, рече Јанковска.

По Јанкоска сведочеше Кртов, сопственик на уметничка галерија „Грал“.

– Го познавам Боки, ми беше муштерија, станот во орман му го правевме. Доаѓал сам и со мајка му, сум му орамувал огледало. Доаѓаше од време на време, пред неколку години му правевме повеќе репродукции, сум му оставал уметнички дела. Му предложив да стави некои мои слики кај него во Орман бидејќи беше ѕвезда кај кого доаѓале луѓе од повисока нога. Потоа предложив да направиме уметничка аукција во 1тв како најгледана телевизија, каде што се прикажуваше историската серија „Катерина Велика“ ама тоа не се реализира. Имаше изложено осум дела, за кои имавме реверс, немавме договор, галериите го практикуваат тоа. Не беа репродукции, туку оригинали. Беа пет слики на Личеновски, две на Мартиновски и една на Коџоман, рече сведокот.

Треба да знаете
Последни објави