Search

Варошлија: Со Боки најмногу време поминувавме кај баба му Евгенија, таа му даваше пари

На денешното рочиште за „Рекет“ како сведок на одбраната на Бојан Јовановски сведочеше стилистот Сергеј Варошлија.
Тој објасни дека со Боки се познаваат повеќе од 15 години, а дружбата и соработката имала прекин во периодот кога Јовановски бил во Белград. Интензивно се дружат од 2013 година.
-Јас сум стилист, сме имале професионални соработки на разни фотосесии. Излегувавме по ресторани и кафулиња, но највеќе време поминувавме кај неговата баба Евгенија во Дебар Маало, со која Бојан беше многу поврзан. Таа сакаше да му помогне финансиски. Знам дека имаше прилики во Белград да сретнува модни икони- Версаче, Живанши…му подаруваа парчиња гардероба за да ги рекламира како балкански лик. Лично сум ги видел тие парчиња, му се јавуваа модни менаџери и му нудеа креации кој би ги носел за следната сезона, рече сведокот.
Тој појасни дека бидејќи бил зашитетно лице на телевизијата 1ТВ секојдневно се гледале таму.
-Бојан беше креативен творец грижејќи се за сите вработени, имаше баланс на колегијалност и љубезност. Имаа слобода за вршење на работите, не се мешал во мојата емисија, формално сум бил вработен во телевизијата, сум примал месечен надомест, мојот ангажман бил секојдневен со мојата емисија., рече Варошлија.
Сведокот потврди дека се познавал со синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, кој бил во правниот сектор, а ја делел канцелријата со него и со уредничката Анета Кочишки. Ги познавал и Зоран Милески Кичее, како и Камчеви.
– Кичеец го знам од град, а потоа доаѓаше интензивно во телевизија. Потоа сум бил кај него дома, кај неговите родители. Тој заедно со Ана Камчева еднаш дојдоа во телевизијата, крајот на ноември почеток на декември 2018 година. Двајцата сум ги гледал и кај Боки дома, таму Кичеец на 5 јануари славеше роденден, ме викна Боки. Не се задржав многу, требало кај Орце Камчев да биде прославата, ама Боки не сакаѓе да оди. Катица Јанева не сум ја сретнала во станот на Боки во Орман, рече стилистот.
Тој потврди дека често оделе на патување со Боки, најчесто во Грција.
-На 15 јули пребаше да одиме во Грција, јас, Лила и Анета дојдовме кај него дома за да се организираме и да одиме на Миконос. Се спакувавме, трганвме, застанавме на неколку пумпи, имаше ред на граница кога дојде пасошката контрола му рекоа на Бојан да излезе од кола. Рекоа дека тој треба да остане, не кажаа зашто, ние се тргнавме на страна. Беше задржана и колата, при претресот беа одземени мои лични работи, пар чевли…Тоа одење беше планирано од пролетта и се погоди тој термин да одиме на одмор, да се релаксираме, одговорно тврдам дека Бојан не сакаше да бега, рече Варошлија.
Тој на прашања на одбраната објасни дека секој си го плаќал својот дел својот дел.
Според сведокот, телевизијата не можела да ги има сите спонзори, но спонзор била „Пелистерка“, со која требало да соработуваат, а имале и маркетинг служба во која не работел Јанев, но соработувал со нив.
Треба да знаете
Последни објави