Search

Саша Мишиќ: И во Македонија има „Пеколни кујни“

Многумина го познаваат како водител на српскиот серијал на емисии од угостителство „Пеколна кујна“. Во текот на работењето како угостител видел се и сешто.За 24 инфо вели дека некогаш и неможеме да замислиме што се може да се види во кујната на рестораните. „Најпеколна кујна“ во која влегол била во Германија, а сопственикот Грк имал работници од 14 националности. Тоа е Хаџи-Саша Мишиќ кој во интервјуто за нас вели дека и во македонските ресторани не се почитуваат стандардите за подготовка на храна, но дека угостителите сакаат да научат каде грешат. Најавува соработка со нашите ресторани и вели дека македонската храна е највкусна на Балканот

Ви благодарам за вашиот интерес и со тоа и за довербата која ми ја укажавте. Мојата соработка со Македонија е со цел  да се подигне нивото на квалитетот на македонските ресторани. Но на сите треба да ни биде јасно дека долг е патот до ѕвездите, но кога ќе се  започне со првиот чекор не треба да се застане. Северна Македонија има извонредна топографска позиција и се поврзува со Ориентот и преку угостителството. Вие имате мноштво на етничките групи во кои се идеален микс насите балкански трпези и тоа е она што го прави специфично македонското угостителство. Сега останува само на најдобар начин да се направи се професионално и да се искористи на вистински начин.

Колку сопствениците на македонските ресторани се заинтересирани за услугите кои ги нудите?

Според информациите што ги имаме и разговорите што ги спроведовме и спроведените проекти, интересот е огромен од сите сфери на системот HORECA, хотели, ресторани, кафулиња и барови.

Каде е македонското угостителство во однос на европските и светските реномирани ресторани?

Мое мислење е дека Македонија зазема стабилно место во средината на балканско ниво со ресторани. Со хотелите е во првата половина на скалата, а со барови и кафулиња во однос на жителите е високо поставена. Тоа беше класификација на ниво на Балкан, а каде е на европско ниво и во светот е премногу рано да се коментира.

 Колку се користат светските искуства во однос на квалитетна храна, системи на безбедност на храна и слично од нашите угостители?

Немам доволно информации за тоа што се однесува до Северна Македонија да бидам во можност да ви обезбедам соодветен одговор. Но мое лично мислење е дека повеќе угостители во северна Македонија ја признаваат и познаваат потребата за високо ниво на квалитет на храната и безбедноста на храната. Доказ за тоа е и се поголемото информирање од нивна страна за системите на безбедност како HACCP и ISO стандарди. Сите знаеме дека само добар квалитет на храна, квалитетни кадри и убав објект се гаранција за успех кои пак носат постојано зголемување на бројот на задоволни муштерии. Зa сега не гледам се уште целосна покриеност на рестораните со стандардите за квалитет иако вашите намирници се далеку познати по квалитет и вкус насекаде посебно гравот тетовец или македонското вино.

Дали во подготовката на храна има црни точки на кои треба да се обрне внимание од страна на нашите ресторани?

Ако мислите на понудата на македонски ресторани тогаш одговорот е ДА има црни точки во синџирот на снабдување, контрола, складирање, подготовка и послужување на храната. Jaс мислам дека не е лесно и за угостителите целосно да ги исполнат сите барања околу контролата на квалитетот на храната, бидејќи многу храна се секогаш различни по димензии, квалитет и цена. Сето тоа влијае на угостителите. Мислам дека вашиот оддел задолжен за туризами хотелиерство мора да направи подобри услови за производителите и го поттикнува развојот на квалитетот. Мора да се работи на подобра соработка помеѓу производителите на храна и кетеринг, на пример, со неповратни средства од различни фондови. Потребна е едукација во голема мера.

– Колку во Македонија има стручен кадар во однос на образование од оваа дејност?

Фактот што во светот во нашава област недостасуваат повеќе од 20% експерти, а во Северна Македонија ситуацијата е иста или полоша! Гости или клиенти се повеќе и повеќе  бараат, а конкуренцијата е се поголема на нашето подрачје. Дури и секое дете точно знае што сака и како ќе јаде денес. Од друга страна, според мое мислење, Северна Македонија премалку или недоволно се занимава со обука и образование на сопствениот професионален кадар. Не се вложува ефикасно во ресурси и знаење и тоа е така на цел Балкан. Jaс знам лично многу добри готвачи во Македонијатака да не е се така црно. Но лошо е што голем дел од нив се снаоѓаат надвор од границитеи си заминуваат не само за повисоки плати туку и за подобри услови. По мое мислење многуод вашите угостители се без стратегија како да си го негуваат и чуваат квалитетниот кадар. Штедат на плати, не плаќаат доволно, сакаат за ниска цена квалитетен кадар. Се на се сами се виновни за ситуацијата во која се наоѓаме.

Има ли Македонија „Пеколна кујна“?

Секоја кујна за некого и некаде се претвара во пеколна кујна! Но, ако сте во пеколот тогаш само продолжувате да одите и ќе излезете кога тогаш. Емисијата „Пеколна кујна“ е најгледана емисија од овој тип и во Бугарија, во Босна, во Црна Гора и во Србија потврдуваат неутрални контролори.

Заврши ли проектот со оваа емисија во Србија?

Проектор е во фаза на репризи, но самата идеја и развој на истата од самиот почеток е моја мисија. Целта ми беше со лажица да се борам за нашата индустрија и да добијам што е можно повеќе колеги кои ме поддржуваат, размислуваат и работат подобро. Јас сум  јас сепак им благодарам на сите кои ме поддржуваа. Сакам да кажам дека успехот не го гледам преку семето, туку преку плодоткој ќе се роди од него.

– Најлоша кујна која сте ја посетиле и што се сте нашле необично во неа?

Тоа беше кујна во Германија, каде што сопственикот беше Грк, а работниците од 14 земји.Се што можеше да се замисли беше присутно таму, од нелегален работник преку непочитување на хигиенските прописи до непочитување на фискалните закони ……

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави