Search

Саутгејт: Задоволен сум со победата, но не требаше да примиме два гола

Англиската фудбалска репрезентација славеше со 6-2 против Иран на стартот на Мундијалот во Катар, а селекторот Герет Саутгејт кажа дека е среќен со победата, но не и со тоа што неговите фудбалери примиле два гола.

„Гордиот Албион“ имаше водство од 4-0 во второто полувреме, по што Иран постигна гол за 1-4, а потоа уште еден преку Мехди Тареми во судиското надополнување за 2-6.

„Среќен сум поради убедливата победа. Игравме одлично на теренот, но сепак сметам дека не требаше да примиме два гола. Мора да се подобриме во одбраната пред дуелот со САД“, кажа Саутгејт.

Саутгејт изјави дека полошата завршница на натпреварот се должи на резултатот и на многу долгото надополнување (14 минути во првото и 10 минути во второто полувреме). Селекторот на Англија истакна дека особено му се допаднал шестиот гол на натпреварот, кој го постигна Џек Грилиш во 90. минута.

„Ми се допадна е голот на Џек Грилиш, по асистенцијата на Калум Вилсон. Тој можеше да биде себичен, но мислеше на тимот“, заклучи Саутгејт.

Вечерва од 20:00 часот во групата Б играат селекциите на Велс и Соединетите Американски Држави. Во следното коло Англија на 25 ноември ќе игра против САД, а истиот ден ќе се сретнат Иран и Велс.

Треба да знаете
Последни објави