Search

Саудиска Арабија против меѓународна истрага за убиството на Кашоги

Властите на Саудиска Арабија се против барањето на Турција за меѓународна истрага за убиството на новинарот Џамал Кашоги во Истанбул, изјави денеска саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир.

-Тоа е нешто што го отфрламе, изјави Џубеир на прес-конференција во Ријад и додаде дека Ријад располага со сопствени истражни органи.

Џубеир нагласи дека саудиските власти се ангажирале во истрагата, затоа што кривичното дело е извршено врз саудиски државјанин во зградата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Тој побара да не се политизира смртта на новинарот, затоа што „така се внесува раскол во исламскиот свет, а Саудиска Арабија се стреми кон негово единство”.

Според Џубеир, убиството е „криминал и голема грешка”

Треба да знаете
Последни објави