Search

Саудиска Арабија почнува со третата фаза на испитување на кинеската вакцина против Ковид-19

Саудиска Арабија наскоро ќе ја започне третата фаза од клиничките испитувања на потенцијалната кинеска вакцина против Ковид 19, во која ќе учествуваат околу 5.000 доброволци, соопшти саудиското Министерство за здравство.

Минатиот месец, компанијата „ЧанШино Биолоџикс” соопшти дека е во преговори со Русија, Бразил, Чиле и Саудиска Арабија за третата фаза од тестирањето на можната вакцина.

Истражувачите претходно рекоа дека оваа вакцина, развиена во соработка со кинески воен истражувачки тим, дејствува сигурно и создава имунолошки одговор кај повеќето испитаници. 

Треба да знаете
Последни објави