Search

Сари: Играчите не ме разбираат што им кажувам !

Италијанскиот повеќекратен шампион Јувентус на гостувањето кај францускиот Лион во првиот меч од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите е поразен (1:0). Загубениот меч не е толку старешен, бидејќи има реванш на 17 март во Торини, но она што загрижува е лошата безидејна игра на „старата дама“. Јуве одиграа еден од најлошите натпревари оваа сезона. Тренерот Маурицио Сари не криеше дека е разочаран од играта на своите избраници по мечот.

-Навистина многу е тешко да објаснам што се случи. Не знам зошто моите фудбалери не можат да ја разберат брзата игра со топка. Тоа е основата на овој стил. Не ми е јасно како може на тренинзите да работиме едно, а на натпреварите играат сосема друго. Како да не ме разбираат што им велам. Но, нема да се предадам, ќе им зборувам и во иднина. Овој концепт кога-тогаш ќе го сфатат и ќе донесе резултати. Кога топката е бавна, тогаш самите се доведуваме во неволја, затоа што противникот има време соодветно да затвори и протоа да биде агресивен. А тоа секогаш завршува со одземање на топката, вели Сари.

 

Треба да знаете
Последни објави