Search

Самарџиски се враќа во МЗТ Скопје

По три ипол годишна пауза, Предраг Самарџиски (32 год., 215 см.) повторно ќе го облече дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша договор со тимот со важност до крајот на сезоната, соопштија од клубот од Аеродром.

Центарот настапуваше за „металците” во сезоната 2014/15 во која дојде до шампионската титула. Тој минатите две сезони беше кошаркар на Мега Лекс, додека во „Јане Сандански” доаѓа како слободен агент и се очекува да ја пополни празнината во рекетот поради подолгото отсуство на Љубомир Младеновски.

Самарџиски кариерата ја почна во екипата на Водњански лисици, а потоа замина во белградски Партизан. Досега има играно уште и за екипите на ФМП, Црвена звезда, Литвос Ритас, Олин Едирне, Мерсин, ТЕД Анкара и Бујукчекмече.

За репрезентацијата на Македонија започна да игра во 2008 година, а последниот настап во „жолто-црвениот” дрес го имаше на ЕП 2015 година во Загреб.

Треба да знаете
Последни објави