Search

Самарџиски не ја прифатил поканата да се врати во репрезентацијата

Новиот селектор на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Александар Тодоров, на денешната прес-конференција пред стартот на подготовките за квалификациските дуели од ЕП-2021 во групата Б, со Естонија на домашен терен на 20 февруари и три дена подоцна во гости со Русија, соопшти дека нема никого да моли да игра за државниот тим. Пред почетокот на квалифиакцискиот циклус Тодоров  бил известен од искусниот Предраг Самарџиски дека нема да може да одговри на репрезентативната покана. Враќање  на Самарџиски во државниот тим до неодамна беше неизвесно, а сега е познато дека нема да се случи.

-Образложението на Самарџиски беше дека нема пауза во турското првенство. Уште од стартот рековме дека за репрезентацијата ќе играат само тие што сакаат поради што кај нас нема да има закани со суспензии и казни, туку ќе се концентрираме само на тие што сакаат да играат – изјави Тодоров.

Селекторот Тодоров покрај неприаајтнат вест соопшти и една приајтана за Марко Сионовски кој е без клупски ангажман по заминувањето од МЗТ Скопје, но редовно тренирал и се подготвувал да пружи максимум во државниот дрес.

Капитенот Војдан Стојановски посакува подготовките да минат без повреди и непредвидени ситуации.

– Денес почнуваме со тренинзи и мислам дека имаме доволно доста денови за да се припремиме за натпреварот со Естонија кој е доста важен за нас. Имаме еден пријателски натпревар во меѓувреме и се надевам дека сите ќе биде здрави и ќе покажеме се од себе”  – додаде капитенот на селекцијата истакна Стојановски.

КФСМ се потруди да им обезбеди соодветни услови за работа на репрезентативците.

– Најважниот настан се ближи до реализација, се подготвувавме како федерација да обезбедиме најдобри услови што во моментов можеме и се надеваме дека тимот ќе биде задоволен. Успехот на репрезентацијата е успех на цела Македонија и се надеваме дека ќе се вратиме на големите европски натпреварувања. Ние сме повеќе концентрирани на натпреварот со Естонија, со кого го отвораме овој циклус. Сметам дека сме подобри и имаме реални шанси да победиме. Го одложивме и Купот за да бидеме повеќе посветени на репрезентацијата, рече на денешната прес-конференција спортскиот директор Тодор Гечевски.

Треба да знаете
Последни објави