Search

(Видео) Салах со три гола спречи сензација на стартот во одбраната на титулата за Ливерпул

Акуелниот шампион на Англија, ливерпул победнички ја почна одбранта на титулата во Премиерлигата на „Енфилд“. Избраниците на германскиот стратег Јирген Коп  го совладаа новакот во елитното натпреаврување Лидс (4:3) на македонскиот репрезентативец Езџајн Алијоски, кој не доби шанса да заигра против „црвените“. Мохамед Салах најави нова кандидатура за освојување на „Златната копачка“ уште во воведното коло во Премиер лигата, откако постигна три и беше најзаслужен што Ливерпул оствари тешка победа против Лидс. Тимот на Марсело Биелса се покажа во добро издание.

Лидс беше на добар пат да освои голем бод на „Енфилд “ во атрактивното гол-шоу, но сепак на три минути пред крајот, најзвучното засилување Родриго Морено направи наивен прекршок, по кој Оливер покажа на белата точка., а Салах беше прецизен за конечните 4:3.

Ливерпул го почна мечот со прецизен удар од пенал во 4-та минута кога поведе со 1:0, а Лидс возврати преку Харисон во 12-та за 1:1. До крајот на првиот дел имаше уште три гола.

Ван Дајк зголеми на 2:1, гостите се вратија во игра со погодокот на Бамфорд по ужасната реакција токму на стоперот Вирџил, но во 33. минута Салах со својот втор погодок им донесе на домаќините нова предност. Лидс не се предаде и по трет пат израмни, преку Клих во 66. минута, но и тоа не им беше доволно за да приредат изненадување на стартот.

Салах по втор пат погоди од белата точка во 88. минута поставувајќи го конечниот резултат.

 

https://twitter.com/i/status/1304841256380530689

Треба да знаете
Последни објави