Search

САД сметаа дека имаат дрон кој е неуништлив, но Иранците го соборија

Американскиот дрон кој вчера беше уништен од страна на иранските сили, е најнапредното беспилотно летало што во моментов го користат американските воздухопловни сили, барем јавно.

Станува збор за моделот RQ-4А Global Hawk, специјализиран за летови на голема височина, а посебна е верзијата наменета за програмата Поморски надзор над широко подрачје (BAMS), пишува специјализираниот американски портал „Дифенс пост“.

Ова е прв американски дрон од овој тип кој некогаш бил уништен. Доколку на тоа се додаде и фактот дека дронот Global Hawk е поскап и од најнапредниот американски борбен авиони F-35A Lightning II Joint Strike Fighter, јасно е дека станува збор за многу посериозен инцидент отколку што изгледа на прв поглед.

Официјален американски претставник за Си-ен-ен изјавил дека цената на RQ-4A Global Hawk е приближно 110 милиони долари. Од друга страна, пак, Бизнис инсајдер цитирајќи податоци од Американскиот морнарички институт од 2015 година, пишува дека таков дрон вреди околу 123 милиони долари. За споредба, веќе споменатиот ловец на F-35A чини 89 милиони.

„Ова не е обичен дрон на чија загуба Американците само ќе ги поткренат рамената“, коментирала на „Тивтер“ Улрике Франк, експерт за беспилотни летала од Европскиот совет за надворешни односи.

RQ-4 Global Hawk лета над 20 илјади метри висина, што значи дека вакво летало може да биде соборено само со софистициран ракетен систем земја-фвздух, воден од радар, а не од против-авионски проектил истрелан од рамото на некој војник и воден од топлина, пишува „Дифенс пост“.

Иран тврди дека иранската револуционерна гарда го урнала беспилотното летало со користење на напредните верзии на против-воздушниот систем „Хордад“, која може да детектира цели на растојание од 150 километри и да ги уништи на растојание до 50 километри, односно висина од 25 километри, пишува хрватски „Индекс“.

Global Hawk нема „стелт“ технологија (не е невидлив за радарите), ранлив е за системи кои може да погодат цели на оваа висина. Главната причина е дека дронот воопшто не е наменет за пенетрација и мисии во непријателски воздушен простор.

Што се однесува до причината за уривање на дронот, Иран тврди дека има несоборливи докази оти леталото на САД во времето кога било соборено се наоѓало во иранскиот воздушен простор и дека неговите делови паднале во ирански територијални води.

Во прилог на тврдењето, иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, објави илустрација со наводните координати од локацијата каде што дронот бил срушен. Од друга страна, САД тврдат дека леталото било урнато во неутрален простор.

Треба да знаете
Последни објави