Search

САД повторно одложија санкции за „Хуавеи”

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија Хуавеи за уште 90 дена.

Во мај, САД ставија на црна листа пет кинески организации, вклучително и Хуавеи, кои се занимаваат со „суперкомпјутинг”, означувајќи ги како закана за националната безбедност на САД и спречувајќи ги да пристапат до доверлива технологија.

Тоа значи дека американските компании не можат да продаваат ништо на кинеската компанија Хуавеи без одобрение од американските власти.

Ова е второ одложување од 90 дена откако администрацијата воведе санкции во мај.

Треба да знаете
Последни објави