Search

САД планираат да ја напуштат базата Инџирлик и да се преместат на грчки острови

Соединетите Американски Држави планираат да ја напуштат стратешката воена база „Инџирлик” во јужната турска провинција Адана и да се преместат на грчките острови, рече републикански сенатор, цитиран од „Дејли сабах”.

– Не знаеме што ќе се случи со Инџирлик. Се надеваме на најдоброто, но мора да го испланираме и најлошото, рече Рон Џонсон, претседател на Поткомитетот за надворешни односи на Сенатот за Европа, за „Вашингтон егзамајнер”.

Џонсон истакна дека Соединетите Американските Држави сакаат да одржат целосно присуство и соработка во Турција и не сакаат да ја „направат оваа стратешка промена”.

„Веќе ја разгледуваме Грција како алтернатива”, рече Џонсон, додавајќи дека САД го зголемуваат своето присуство во заливот Суда на грчкиот остров Крит. 

Авиобазата Инџирлик, сместена во турската провинција Адана, на 110 километри од сириската граница, е стратешки елемент од нејзиното основање во 1954 година, бидејќи имаше основна улога за време на Студената војна, војната во Персискиот залив од 1990-1991 година и операцијата  „Inherent Resolve” на САД, насочена кон Даеш во Сирија и Ирак. 

Треба да знаете
Последни објави