Search

САД го отфрлија предлогот на Мексико и Уругвај да разговараат за Венецуела

САД ја отфрлија понудата на Мексико, Уругвај и Ватикан да посредуваат во дијалогот помеѓу претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и водачот на опозицијата, Хуан Гуаидо.

Неименуван претставник на американската администрација експлицитно ги спомена овие три земји на брифингот.

„Ги отфрламе сите разговори што ќе му овозможат на Мадуро да остане на власт”, рече официјалното лице.

Тој го повтори ставот на САД дека Мадуро повеќе не е претседател на Венецуела.

Мексико и Уругвај во средата објавија дека ќе одржат меѓународна конференција за венецуелската криза на 7-ми февруари. Овие две земји не го признаваат Гуаидо како привремен претседател на Венецуела.

Треба да знаете
Последни објави