Search

РФМ ја исплати премијата на „златната“ кадетска репрезентација

Ракометната федерација на Македонија ја исплати ветената премија од 700.000 денари за машката кадетска репрезентација која минатото лето на ЕХФ шампионатот во  Рига го освои златниот медал.

Претседателот Живко Мукаетов ја најави оваа награда веднаш по големиот успех на македонските надежи, предлог кој потоа беше прифатен од Управниот одбор на федерација.

Со овој резултат македонските ракометни надежи обезбедија пласман на ЕП (2024) и СП (2023).

Треба да знаете
Последни објави