Search

Руте: Во Холандија воведена „разумна изолација”

Холандија забрани секакви собири до 1 јуни поради новиот коронавирус, а за кршење на мерката предвидени се парични казни. Досега забраната се однесуваше на собири од повеќе од сто луѓе.

Исто така останува во сила препораката граѓаните да останат во своите домови и да излегуваат само ако не можат да работат од дома или да купат артикли и да пружат помош на другите. Прошетките се дозволени, но не во групи и со строго почитување на држење на растојание од други лица најмалку 1,5 метри.

Не се дозволени и куќни посети на повеќе од три лица во исто време и важи препораката за држење дистанца.

Од денеска членовите на семејството не смеат да го напуштат домот ако еден од нив има покачена телесна температура.

Предвидени се казни и за продавниците и јавните превозници ако не обезбедат клиентите да бидат на пропишаното растојание од 1,5 миетри, додека за услужните дејности, кои вклучувааѕ физички контакт, како фризери и козметичари, воведена е забрана за работа до 6 април.

Градоначалниците имаат можност со итни уредби да реагираат ако граѓаните не го почитуваат мерки односно да ги затворат продавниците, парковите, играчиштата и плажите.

Премиерот на Холандија, Марк Руте мерките ги нарече  „разумна изолација” (intelligent lockdown) со цел да се заштитат повозрасните и лицата со чувствително здравје. Тој најави дека доколку не се почитуваат мерките следниот чекор ќе биде целосен крантин.

Во Холандија од последици од новиот корнавирус починаа 213 луѓе на возраст од 55 до 97 години.

Треба да знаете
Последни објави