Search

Руско село проголтано од песок

Руско село проголтано од песок

Шојна, руско рибарско село на бреговите на Белото Море, полека исчезнува под песокот што ги зафаќа целите куќи, а нивните покриви се едвај видливи над дините.

За децата тоа е волшебно место: нивниот свет е песок со разновидни шари секаде околу нив. За сите други животот во овој неплоден пејзаж – кој е најверојатно еколошкиа катастрофа предизвикана од човекот – може да биде секојдневно мачење.

Ана Голубцова живее на вториот кат од својот дом бидејќи приземјето на куќата се претвори во несакана плажа.

„Ќе мораме да ангажираме булдожер за да го притиснеме песокот назад и така секоја година“, вели Голубцова. „Мораме да го направиме тоа бидејќи снегот што се натрупува на врвот на песокот нè закопува сè до покривот“. Соседната куќа е толку затрупана од песок што сопствениците мора да влегуваат во неа низ таванот.

The New York Times

Локалните жители велат дека повеќе од 20 куќи биле потполно закопани под песокот. Во лето малите авиони и хеликоптери се единствениот начин да се стигне до Шојна.

Претпоставките се дека нарушувањето на морското дно, можеби во комбинација со природната промена на коритото на реката што тече низ Шојна и во Белото Море, се виновници за инвазијата на песокот, вели Сергеј Уваров, координатор на проектот за морска биолошка разновидност за Светскиот фонд за дивиот свет во Русија.

Шојна е селце што се наоѓа во северна Русија и целосно е окружено од песочни дини. Куќите по силните крајбрежни ветрови секоја вечер се целосно закопани под наносите од песок.

Ова село некогаш било рибарско место познато по одличниот улов, што предизвикало истребување на рибите на тој дел од морскиот брег, поради што трговијата ослабела, а песокот почнал да го презема приматот во 80-тите години од минатиот век. Моментно, во селото живеат нешто помалку од 300 жители, кои имаат малку можности за работа, доколку се исклучи секојдневното откопување на куќите и бркањето на гуските.

Треба да знаете
Последни објави