Search

Русковска: Лицето Н.Г. кое е во бегство е испитан за случајот „плацеви на Водно“

Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во денешното гостување во Студио 10 на ТВ24 изјави дека  лицето Н.Г. кое е во бегство е испитан за  случајот „плацеви на Водно“.

„Околу 1.3 милиони евра се префрлени од мајката фирма на Белизе на ќерката фирма овде. Знаеме на кој датум колку средства се префрлани, сомнителните трансакции банките треба да ги пријавуваат. Мислам дека од кипарска банка се стигнати парите. Треба уште некои сведоци да сослушаме и предметот ќе оди на материјално-финансиско вештачење. Ограничени сме со времетраењето на притворот, на 3 месеци. Никој од осомничените не се испитани, прво тоа го правевме со сведоците. Добро за нас е што првоосомничениот кој е недостапен во државава е испитан затоа што има дадено исказ конкретно за перење пари, пред да пребегне“ –  рече Вилма Русковска.

Треба да знаете
Последни објави