Search

Руски авиони се обидоа да пресретнат американски во близина на границата

Руски авиони Су-27 на воздухопловните сили во јужната воена област се обидоа да пресретнат американски Боинг П-8, кој се приближил кон руската граница, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Како што се наведува, екипажот на руските борбени авиони пристапил кон воздушната мета на безбедно растојание, идентификувајќи го како американски извиднички авион П-8А Посејдон, „кој веднаш го сменил правецот на летање од руската државна граница”.

Сличен инцидент се случи и во средината на јуни, кога руските Сухој се обидоа да ги пресретнат стратегиските бомбардери на САД кои летаа кон руската граница од Црното Море и Балтичкото Море, објави руската агенција ТАСС.

Треба да знаете
Последни објави